Македонија Иво Котевски од утре, нов директор на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Иво Котевски од утре, нов директор на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Помошникот-министер за односи со јавноста на Министерството за внатрешни работи (МВР), Иво Котевски, заминува на нова функција, односно директор на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Информацијата за новата партиска функција, Котевски ја потвди за „Мета“, додавајќи дека доколку навреме се завршат формалностите со докумените, уште утре ќе почне со работа во центарот за комуникации на владејачката партија.

Котевски најави дека за неговиот трансфер од МВР во ВМРО-ДПМНЕ, партијата ќе испрати официјално соопштение.

На прашање на „Мета“ дали е избран негов наследник во МВР и кој ќе го назначи, дали актуелниот министер Митко Чавков или кандидатот на СДСМ, кој, според Договорот од Пржино, треба да биде назначен до утре (20 октомври), Котевски вели дека процедурата е во тек, а изборот ќе го направи актуeлниот министер.