Македонија Иванов ќе се обрати на Конференција за млади лидери „Предизвици и можности...

Иванов ќе се обрати на Конференција за млади лидери „Предизвици и можности за балканското лидерство денес“

Gjorge Ivanov, president i Maqedonisë

На дводневната Конференција за млади лидери „Предизвици и можности за балканското лидерство денес“, која почнува денеска, ќе се обрати претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Предвидено е на отворањето на конференцијата да се обратат поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов, и поранешниот претседател на Албанија, Бамир Топи.

Во рамки на дводневната Конференција за млади лидери „Предизвици и можности за балканското лидерство денес“, свои предавања ќе одржат професорот Драган Стефановиќ и Мухамед Мешиќ, а ќе се одржи и дебата на тема „Придонесот на ИСЛАА во лидерството на следната деценија“.