Македонија Иванов ќе се обрати до граѓаните во 22 часот

Иванов ќе се обрати до граѓаните во 22 часот

Претседателот Ѓорге Иванов ќе се обрати до граѓаните на Македонија, вечерва во 22 часот, информираат од неговиот кабинет.

Обраќањето на Иванов следува по попладневните насилства во Собранието каде што демонстрантите од т.н. иницијатива „За заедничка Македонија“ влегоа во законодавниот дом.

Има информации дека дел од пратениците се физички нападнати и повредени, со раскрвавени лица, меѓу кои е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Демонстрантите сè уште се низ собраниските ходници.

Амбасадорот на Шведска во Македонија, Матс Стефансон, во присуство на амбасадорите на Холандија и на Велика Британија во земјава, Ваутер Пломп и Чарлс Гарет, порача дека сега не е време за насилство, туку за дијалог и ја повика полицијата да воведе ред.