Свет Балкан Иванов ќе присуствува на 70-годишнината од доселувањето на Македонците во Војводина

Иванов ќе присуствува на 70-годишнината од доселувањето на Македонците во Војводина

Претседателот Ѓорге Иванов ќе присуствува на свечена академија по повод 70-годишнината од доселувањето на Македонците во Војводина, на 30 октомври во Панчево, јави дописничката на „Мета“ од Белград.

Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија најавил дека на централната свеченост во Центарот за култура на Панчево ќе присуствува и српскиот претседател, Томислав Николиќ.

Пред одржување на свеченоста, двајцата претседатели ќе посадат дрво на пријателство во паркот на градското собрание.

Николиќ и Иванов ќе присуствуваат и на потпишувањето на документ за збратимување на македонската општина Македонски Брод и на српската месна заедница Јабука.