Видео Италијански фудбалери се боксуваа на натпревар

Италијански фудбалери се боксуваа на натпревар

Сицилијанското дерби меѓу Виторија и Патерно во четвртата италијанска лига донесе бројни црвени картони за време на натпреварот, поради што главниот судија бил принуден да ги испрати фудбалерите во соблекувалната за да биде избегнат поголем инцидент, пренесе „Спортски.мк“.

Сепак, ваквиот потег на судијата само дополнително ја разжести ситуацијата, па во тунелот беше виден вистински бокс-меч меѓу фудбалерите на двете екипи.

Екипата на Патерна доби 23 меча, додека Виторија дури 36 натпревари суспензија, како епилог на ситуацијата.