Свет Европа Италија: Уапсени лица за фалсификувани монети на евра

Италија: Уапсени лица за фалсификувани монети на евра

Дванаесет лица се уапсени во Италија за фалсификување монети на евра, соопшти денеска Европол, додавајќи дека парите илегално биле внесени од Кина.

Полициската истрага почна откако во септември, во близина на Неапол, беше откриен контејнер со монети од едно и од две евра.

Како што соопшти италијанската полиција, меѓу уапсените е и осомничениот лидер на криминалната група, жител на Гана, кој оперирал во италијанскиот град Палермо.