Свет Европа Италија: Протести поради градење џамија кај „Кривата кула“ во Пиза

Италија: Протести поради градење џамија кај „Кривата кула“ во Пиза

Повеќе стотини лица ја потпишаа петицијата против градење џамија во близина на „Кривата кула“ во Пиза, што значи дека на референдум ќе се одлучува дали храмот ќе биде граден.

Во текот на вчерашниот ден се собрани 1.800 гласови против градење џамија, што е доволно за гласање за градбата.

Потпретседателот на комитетот против градење на новата џамија, Џанлука Гамбини рече дека нема тука да запрат, туку ќе продолжат да собираат потписи за да избегнат било какви проблеми во градскиот совет.

– Утринава ќе бидеме на пазар за луѓето кои досега не се потпишале да можат да го направат тоа – рече Гамбини.

Доколку градскиот совет утврди дека валидно се собрани 1.800 потписи, референдумот ќе биде одржан во следните неколку месеци.