Економија Истражување: Фондот за здравство најтраспарентен, претседателот најнеотчетен за трошењето на јавните пари

Истражување: Фондот за здравство најтраспарентен, претседателот најнеотчетен за трошењето на јавните пари

Фондот за здравствено осигурување на Македонија(ФЗОМ) е најтранспаретна, а институцијата претседател на државата најнеотчетна во трошењето на јавните пари, покажува истражувањето на Центарот за економски анализи и на Институтот за демократија, пренесува „24Вести“.

Според анализата, 90 отсто од државните институции не ја објавуваат завршната сметка, а ниту една институција не објавила реализација на буџетските средства и покрај законската обврска.

Речиси 40 отсто од институциите немаат никакво објаснување за разликите во предвидените и во реализираните расходи, 70 отсто не објавуваат стратегиски план, а 80 отсто немаат податоци за програмата за работа за тековната година, покажало истражувањето.

Од Центарот за економски анализи, како што пренесува „24Вести“, велат дека загрижува тоа што поголемиот дел од државните институции не знаат врз кои основи го формираат својот годишен буџет.

Истражувањето е направено на 60 од вкупните 91 државна институција кои се корисници на јавните пари, а целта е да се види како и на кој начин се трошат државните средства.