Свет Свет Исправен превртениот брод во реката Јангце

Исправен превртениот брод во реката Јангце

Кинески инженери го исправија брод што потона во реката Јангце, при што загинаа повеќе од 400 луѓе.

Бродот „Источна ѕвезда“ потона на почетокот од неделата во невреме.

Спасени се само 14 од вкупно 456 патници и членови на екипажот, а таа е една од најлошите бродски несреќи во Кина во последните 60 години.

Досега се пронајдени само 97 тела, а кинеските власти истакнуваат дека мали се шансите да се пронајде уште некој преживеан.