Свет Исламски екстремисти убиле најмалку 30 војници

Исламски екстремисти убиле најмалку 30 војници

Исламски екстремисти убиле најмалку 30 египетски војници во неколку напади, меѓу кои и самоубиствен напад со автомобил­-бомба врз контролен пункт во северниот дел на Синајскиот Полуостров.

Нападите биле извршени два дена по обидот за атентат врз јавниот обвинител на Египет, по што претседателот Абдел Фатах ал Сиси ветил дека ќе ги зајакне мерките против екстремистите.

Нападите биле извршени јужно од градот Шеик Зуеид, врз шест контролни пунктови кои биле обезбедувани од армиски припадници.

Екстремистите киднапирале војници и заплениле неколку оклопни возила.