Свет Исламската држава употребува хемиско оружје

Исламската држава употребува хемиско оружје

Џафари го повика генералниот секретар на ОН да продолжи со фокусирање на прашањето за убиството на цивили

Постојаниот претставник на ОН во Сирија, Башар Џафари, обвини дека Исламската држава употребува хемиско оружје во борбата за Кобане.

– ИД употребува оружје со хемиски боеви глави против курдските борци, кои го бранат сирискиот град, во близина на границата со Турција – рече Џафари.

Џафари го повика генералниот секретар на ОН да продолжи со фокусирање на прашањето за убиството на цивили при воздушните напади на меѓународната коалиција врз позиции на ИД во Сирија.