Свет Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Тикрит и во Самара

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Тикрит и во Самара

Исламска држава ја презеде одговорноста за самоубиствените бомбашки напади во ирачките градови Тикрит и Самара, во кои загина 21 лице.

ИД преку соопштение тврди дека имало три самоубиствени напади, два во Самара и еден во Тикрит.

Ирачките власти, пак, информираа за два напади, од кои еден во Тикрит, кога самоубиец активирал експлозив во амбулантно возило на јужниот влез на градот за врема на утринскиот метеж, при што загинале 13 лица.

Во вториот напад, бомбашот самоубиец активирал експлозив прикачен на автомобил на паркиралиште, каде верници биле на посета на шиитското светилишта во Самара, убивајќи најмалку седум лица.

Властите во двата града прогласија полициски час, стравувајќи од нови напади.