Свет Свет Исламисти убија 56 војници во Сирија

Исламисти убија 56 војници во Сирија

Исламисти убија 56 сириски војници во масовна егзекуција, во воздушната база на северозападот на Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Опсерваторијата, повикувајќи се на извори на терен, посочува дека масовната егзекуција се случила во авиобазата Абу ал Духур, пред неколку дена.

Воздушната база во провинцијата Идлиб, на 9 септември беше заземена од алијансната група, во кја е и Нусра фронт, кој се поврзува со Ал каеда.