Свет Исламистите на Боко харам убиле 10 и киднапирале 13 лица

Исламистите на Боко харам убиле 10 и киднапирале 13 лица

Нигериската исламистичка група Боко харам во саботата убила 10 и киднапирала 13 лица во селото Кубриву во близина на Чибока, каде милитантите од 2014 година држат повеќе од 200 ученици, соопштија синоќа селаните.

Очевидците велат дека борците на Боко харам во саботата навечер  дошле во селото и почнале да пукаат по селаните кои спиеле, да ги пљачкаат и да ги палат нивните куќи, по што побегнале со 13 жени и деца.

– Борците на Боко харам дојдоа на четири мотоцикли, по тројца на еден, и почнаа да пукаат во куќите во кои луѓето спиеја. Запалија сè откако ги зедоа резервите со храна и стоката и киднапираа жени и деца – рече Лука Дамина, жител на соседното село.