Хроника Искршени прозорци на штабот на СДСМ во село Драчево

Искршени прозорци на штабот на СДСМ во село Драчево

Непознати лица ноќеска со камења ги искршиле надворешните стакла на штабот на СДСМ во село Драчево, соопштија од партијата и апелираа полицијата да го расветли случајот.

– Искршени се надворешни стакла. Според информациите од теренот, тоа се случило рано утрото, по полноќ. Случајот е пријавен во полиција и во моментов се прави увид – стои во соопштението од СДСМ.

Од партијата велат дека секој што го нарушува мирот на граѓаните ќе мора да одговара.