Македонија Искршен штаб на ДУИ во Скопје Север

Искршен штаб на ДУИ во Скопје Север

Изборен штаб на ДУИ во населбата Скопје Север бил оштетен од засега непознат сторител, извести СВР Скопје.

Штабот  се наоѓа на улицата Тале Христов, а биле искршени две стакла од излогот и стаклена врата. Во полиција случајот бил пријавен вчера во 15.25 часот.

СВР Скопје вели дека се работи на откривање на сторителот.