Македонија Искачување на Водно по повод Свети Трифун

Искачување на Водно по повод Свети Трифун

Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ денеска по повод празникот на виното, Свети Трифун, организира групно планинарење и возење велосипеди до врвот на Водно.

Трката почна во девет часот утринава, пред основното училиште „Кочо Рацин“, а околу 11 часот на врвот на Водно е предвидено дружење и традиционално одбележување на празникот со македонско вино.

Настанот, кој е дел од серијата месечни настани во организација на „Прв до врв“, нема натпреварувачки карактер.