Македонија Иселеничкиот Форум за демократска Македонија ја објави програмата

Иселеничкиот Форум за демократска Македонија ја објави програмата

Форумот за демократска Македонија на група на иселеници од Република Македонија и нивните потомци од целиот свет ја објави програмата, на својата фејсбук-страница.

„Форумот сака да ја види земјата како прогресивна, демократска, граѓанска, европска, просперитетна држава, која ќе создава подобар живот за сите свои граѓани. Држава што ќе биде пример за мултиетничко општество, засновано на заемна почит, толеранција и на разбирање, каде владата ќе работи за доброто на сите граѓани, а не за лични интереси“, се вели во описот.