Дописници Исчезнатото тригодишно дете од Штип пронајдено мртво

Исчезнатото тригодишно дете од Штип пронајдено мртво

Град Штип

Тригодишниот Чинар Сулејманов, кој исчезна пред два дена, изутринава бил пронајден мртов во близина на викенд-населбата Суитлак во Штип, потврдија од полицијата.

Детето е најдено на еден километар од куќата каде живее семејството Сулејманови.

За причините за смртта засега не може да се зборува. Луѓето кои беа на местото кадешто е најдено детето, велат дека тоа веројатно заталкало на пат кон дома и прегладнето, по студената ноќ, починало, додека втората верзија е дека било нападнато од животно.

Мајката, која го пријави изчезнувањето на детото во полиција, изјавила дека последен пат е видено завчера околу 16.30 часот, кога малиот заминал кај неговиот дедо.