Главна секција Исчезнатиот авион е лоциран во близина на Велес

Исчезнатиот авион е лоциран во близина на Велес

Авионот кој попладнево исчезна од радарите на скопскиот аеродром е лоциран во близина на Велес. Тој, според нашите информации, е сè уште во пламен, а полицијата и противпожарните екипи се на терен. Неофицијално се дознава дека во авионот имало шест патници.

Жителите на околните велешки села чуле силна експлозија, по што повикале полиција.

Авион на приватен комерцијален лет попладнево исчезнал од радарот во близина на скопскиот аеродром. Како што се дознава, станува збор за авион кој летал од Италија и исчезнал во близина на Скопје.