Македонија Исчезната Македонка од Голо Брдо што студирала во Скопје

Исчезната Македонка од Голо Брдо што студирала во Скопје

Девојката последен пат е видена вчера утрото на бензинска пумпа во наслебата Илинден

Фото: Јоана Манојловска Фејсбук https://www.facebook.com/photo/?fbid=921318266662430&set=pcb.921267493334174

Студентка од Албанија од вчера е пријавена за исчезната. На социјалните мрежи се споделува објава за младата Енкеледа Чела, која од вчера не се вратила на местото каде што престојува. Таа е Македонка од Голо Брдо и државјанка на Албанија, а во Скопје студирала на Економскиот факултет.

Според информациите од нејзините блиски, споделени на социјалните мрежи, Енкеледа Чела има црвено-кафена коса, кафени очи, висока е 160 сантиметри, тешка 55 килограми, на горните заби има протеза. Девојката била облечена во фармерки и црна јакна, а носела и ранец. Последен пат е видена вчера утрото на бензинска пумпа во наслебата Илинден.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информира дека вчера во полициска станица Петровец Г.Т. пријавила дека Е.Ч. (20) од Република Албанија се оддалечила од домот во Скопје каде престојува. Министерството соопштува дека се преземаат мерки за пронаоѓање на девојката.