Свет Европа Ирска кажа „да“ за истополовите бракови

Ирска кажа „да“ за истополовите бракови

На реферндумот во Ирска на кој се гласаше за озаконување на браковите на лица од ист пол, „за“ гласале повеќе од 62 проценти од излезените гласачи.

Одѕивот на референдумот, кој бил поголем од 60 отсто, „за“ гласале 1.201,607 Ирци, додека „против“ биле 734.300 гласачи.

Референдумот бил поголем од сите досегашни организирани референдумот во последните две децении, а многу ирски државјани кои живеат надвор, се вратиле за гласањето во државата.

Ирска е 19. земја во светот, а 14. во Европа, што ги признава истополовите бракови, но е прва што ова прашање го реши преку референдум.