Свет Иран тестираше уште две балистички ракети

Иран тестираше уште две балистички ракети

Иранската револуционерна гарда денеска тестирала две балистички ракети во рамки на воената вежба која се одвива на северот за Иран.

Како што јавуваат иранските медиуми, ракетите погодиле цели во југоисточниот дел на земјата, оддалечени 1.400 километри.

Иранската државна агенција ИРНА вчера соопшти дека иранските вооружени сили извршиле нови тестирања на балистички ракети, кои имале цел да демонстрираат моќ со тенденција за заплашување и за покажување подготвеност на Иран да се спротивстави на заканите.