Свет Иран поставува ракети кај нуклеарна централа

Иран поставува ракети кај нуклеарна централа

Иранската војска почна да го поставува противвоздушнен ракетен систем „С-300“ кај подземната нуклеарна постројка „Фордо“, јавија државните медиуми во Иран.

На снимките, објавени доцна синоќа на државната телевизија, се гледа како камиони пристигнуваат кај постројката и како ракетните лансери се насочуваат кон небо.

Постројката „Фордо“ за збогатување ураниум се наоѓа на околу 100 километри јужно од Техеран.

Русија годинава почна да му го испорачува ракетниот систем „С-300“ на Иран, откако меѓународната заедница ги укина санкциите за Техеран по постигнувањето договор за спорната нуклеарна програма.