Свет Иран ќе возврати на санкциите на САД, соопшти Рохани

Иран ќе возврати на санкциите на САД, соопшти Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани соопшти дека неговата земја ќе им се спротивстави на САД и дека реципрочно ќе одговори на какви било санкции што ќе ѝ бидат наметнати на земјата.

Тој изјави дека доколку Вашингтон под каков било изговор воведе санкции, Техеран ќе им се спротивстави на САД. Тој додаде дека „големата иранска нација ќе има соодветен одговор“ и дека иранскиот парламент ќе дејствува. Сепак, Рохани не откри детали во врска со најавените контрасанкциски мерки.

Изјавата на Рохани доаѓа еден ден откако американската влада објави нови санкции и истовремено го предупреди Иран дека ќе се соочи со последици поради кршење на „духот“ на договорот за нуклеарната програма што земјата го склучи со светските сили.

Со новите санкции на САД се опфатени 18 лица и групи од Иран.