Свет Иран ја предаде нуклеарната документација на ИАЕА

Иран ја предаде нуклеарната документација на ИАЕА

Иранските власти официјално ја предале документацијата за својата нуклеарна програма на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) како дел од договорот кој на 14 јули беше постигнат помеѓу Иран и шестте големи сили.

„Иран ни ја предаде пишаната документација како што беше предвидено во договорот, со цел да се разјаснат уште неколку отворени прашања за нуклеарната програма на таа земја“, се наведува во соопштението на агенцијата.

Иран и шесте светски сили (САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија), официјално на 14 јули во Виена постигнаа историски договор со кој се ограничува иранската нуклеарна програма во замена за укинување на меѓународните санкции во таа земја.