Свет Иран и светските сили наскоро би можеле да постигнат договор

Иран и светските сили наскоро би можеле да постигнат договор

Маратонските преговори меѓу претставниците на светските сили и на Иран би можеле наскоро да завршат со постигнување договор, оцени Сергеј Рјабков, рускиот преговарач за прашањето на Иран.

– Не можам да предвидам уште колку време ќе биде  потребно за да се реши таа ситуација, но сите страни се со став дека тоа ќе биде во следните денови – изјави тој.
Според Рјабков, текстот за договорот на кој се работи е „91 отсто завршен“.