Економија Иран доби пристап до имот вреден 100 милијарди долари

Иран доби пристап до имот вреден 100 милијарди долари

Иран денеска соопшти дека сега има пристап до имот вреден повеќе од 100 милијарди долари, кој беше замрзнат во странство поради санкциите кои се укинати со договорот за нуклеарната програма на оваа земја.

Портпаролот на владата, Мохамед Багхер Нобахт, рече дека парите се акумулирани во банките во Кина, Индија, Јапонија, Јужна Кореја и во Турција откако во 2012 година се заострија санкциите поради спорната нуклеарна програма.

Агенцијата ИСНА пренесе дека претставник на централната банка соопштил оти девет ирански банкари се приклучиле кон СВИФТ (Сосајети фор ворлдвајд инетрбанк фајненшл телекомуникејшн) се седиште во Белгија, кое овозможува сигурна комуникација на финансиските институции.