Uncategorized Ирак: Сменети 26 воени офицери поради корупција

Ирак: Сменети 26 воени офицери поради корупција

Ирачкиот премиер Хајдар ел Абади смени 26 воени офицери поради корупција и неспособност да се соочат со џихадистите од Исламска држава.

– Воениот персонал мора да биде компетентен и тоа е особено важно затоа што не може да се работи како што треба ако персоналот не е ефикасен – рече Абади за ирачката телевизија.

Премиерот на Ирак соопшти дека ефикасноста на војската е бескорисна ако не постои внатрешен интегритет.
Врховниот верски водач, големиот ајатолахот Ало Систани, неодамна изјави дека корупцијата во војската ѝ овозможила на ИСИС да заземе голем дел од територијата на Ирак.