Свет Ирачките сили влегоа во Фалуџа, во офанзивата против ИД

Ирачките сили влегоа во Фалуџа, во офанзивата против ИД

Елитните сили на ирачката војска утрово почнале да влегуваат во градот Фалуџа, каде почнале операција за истиснување на милитантите на Исламска држава (ИД) од ова нивно упориште, кое се наоѓа на околу 50 километри од Багдад, соопшти командата на операцијата.

„Ирачките сили влегоа во Фалуџа со поддршка од воздух на меѓународната коалиција, како и на ирачкото воздухопловство, артилеријата и тенкови“, изјави командантот на операцијата, Абделвахаб Ал-Сади.

За време на офанзивата за ослободување на Фалуџа, која беше покрената пред една недела, ирачките сили ги зазедоа селата и подрачјата околу градот и евакуираа повеќе од 2.000 лица. Само неколку стотини семејства успеаја да побегнат пред нападот на Фалуџа, каде околу 50.000 цивили се заробени во борбите.

Фалуџа беше првиот град кој падна во рацете на ИД во 2014 година.