Хроника Инцидент на Клиниката за радиологија поради презакажан „Мој термин“

Инцидент на Клиниката за радиологија поради презакажан „Мој термин“

Вчера околу 15 часот на Клиниката за радиологија, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, 46-годишниот И.И. револтиран бидејќи му бил пресакажан рокот за „Мој термин“ почнал да го навредува персоналот, а потоа нападнал болничар и го искршил стаклото од вратата во ходникот, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, по инцидентот веднаш интервенирало обезбедувањето на Клиниката.

Лицето било приведено во полициската станица во Кисела Вода, а од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.