Економија Индустриското производство во првите осум месеци се зголемило за 5,5 проценти во...

Индустриското производство во првите осум месеци се зголемило за 5,5 проценти во однос на лани

Индустриското производство во првите осум месеци се зголемило за 5,5 проценти во однос на лани,  а во август за 9,8 проценти за разлика од истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2019 година, во однос на август 2018 година, бележи опаѓање од 1,4 проценти, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 4,5 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи пораст од 47,9 проценти.

Според главните индустриски групи, производството во август 2019 година, во однос на август 2018 година, бележи пораст кај Енергија за 39,8 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5 проценти, Капитални производи за 14 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 25,4 проценти, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6 проценти.