Економија Индустријата со пораст од 10,4 отсто во првите 7 месеци годинава во...

Индустријата со пораст од 10,4 отсто во првите 7 месеци годинава во споредба со лани

Во јули годинава во споредба со истиот месец лани, прометот во индустријата на домашниот пазар бележи зголемување од 3,5 проценти, а прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 16,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Прометот од јануари до јули е зголемен за 10,4 проценти во однос на истиот период лани.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во јули во однос на истиот месец лани, бележи пораст од 13,5 проценти, а во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 13,1 отсто.