Свет Индиските сили го убиле водачот на кашмирските бунтовници

Индиските сили го убиле водачот на кашмирските бунтовници

Индиските сили за безбедност соопштија дека го убиле Васим Шах, водачот на кашмирската бунтовничка група, Лашкар е таиба.

Бунтовничката група има база во Пакистан, а водачот е убиени за време на жестока размена на оган откако индиската војска и специјалните сили по добиена дојава го опколиле селото Литер.

Ова е најновиот во низата инциденти со смртни последици помеѓу индиските сили и кашмирските бунтовници, кои бараат спојување на тој регион со Пакистан.