Свет Индија тестираше балистичка ракета

Индија тестираше балистичка ракета

Првиот тест на реката од типот „Агни-2“, Индија го изврши во 1999 година

Индија денеска изврши ново успешно тестирање на балистичка ракета со среден дострел од типот „агни-2“, која е способна да носи нуклеарна боева глава, соопштија индиските вооружени сили.

Ракетата, која е дел од оружјето на индиската армија, била лансирана од полигон на островот Вилар во Бенгалскиот Залив и успешно ја погодила зададената цел.

Првиот тест на ракетата од типот „агни-2“, Индија го изврши во 1999 година.