Свет Свет Индија и Пакистан тврдат дека на аџилакот загинале 1.100 луѓе

Индија и Пакистан тврдат дека на аџилакот загинале 1.100 луѓе

Властите во Индија и во Пакистан соопштија дека официјални лица од Саудиска Арабија им дале на дипломатите околу 1.100 фотографии на загинати лица. Аџиите загинаа во стампедо во саудискиот град Мина.

Бројката е значително поголема од официјалниот биланс на загинати 769 лица, колку што соопштија саудиските власти.

Претставник на пакистанската влада Тарик Фазал Чаудри, на прес-конференција соопштил дека саудиски официјални лица им дале на пакистанските дипломати 1.100 фотографии на загинати аџии.

Министерката за надворешни работи на Индија, Сушма Сварал, во неделата на „Твитер“ напишала дека саудиските власти објавиле слики на 1.090 загинати лица во Мина.