Свет Индиец линчуван поради гласини дека јадел говедско месо

Индиец линчуван поради гласини дека јадел говедско месо

Педесетгодишен маж од северниот дел на Индија бил убиен од разбеснета толпа луѓе откако се прошириле гласини дека тој и неговото семејство чуваат и консумираат говедско месо, јавува „Би-Би-Си“.

Според информациите, Мухамад Аклак во понеделникот вечерта бил претепан и каменуван од група мажи во градот Дадри, во индиската држава Утар Прадеш.

Во налетот на толпата, тешко повреден бил и неговиот 22-годишен син, кој бил пренесен во болница.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, по убиството, локалната полиција уапсила шест лица и во тек е истрага околу тоа кој ја раширил гласината.

Колењето крави е многу сензитивно прашање во Индија бидејќи животното се смета за свето од Индусите, кои сочинуваат 80 отсто од популацијата на земјата, која брои околу 1,2 милијарди луѓе.