Свет Европа Илјада мигранти спасени од смрт во Средоземно Море

Илјада мигранти спасени од смрт во Средоземно Море

Околу илјада мигранти се спасени синоќа на крајбрежјето на Средоземно Море кај Либија, а меѓу нив една жена е прогласена за мртва. Ова го соопштија групата „СОС Медитеран“ и Лекари без граници.

Околу 645 бегалци се спасени со гумени и со дрвени чамци за време на шестчасовната операција на бродот „Аквариус“.

При акцијата за спасување една млада жена била пронајдена онесвестена на еден од гумените бродови и прогласена е за мртва кога била пренесена на спасувачкиот брод „Аквариус“.

Лекари без граници соопштија дека нивниот брод за спасување „Приденс“ презел 412 лица.

Бродовите за спасување на разни организации во изминатите неколку недели спасија повеќе од 6.000 луѓе, со што бојот на мигранти доведени во Италија од почетокот на годината се искачи на 22.000 лица.

Минатата година на крајбрежјето на Италија пристигнаа повеќе од 180.000 мигранти, што е 18 отсто повеќе од 2015 година.