Свет Европа Идентификуван возачот на „комбито на смртта“ во Барселона

Идентификуван возачот на „комбито на смртта“ во Барселона

Шпанската полиција соопшти дека е идентификуван возачот на белото комби кое минатата недела влета во маса во Барселона и усмрти 13 лица.

– Сè укажува дека возач бил Јунес Абујакуб – наведе денеска полицијата и додаде дека се трага по 22-годишниот Мароканец.

Засега нема информации за судбината на Абујакуб. Неколку часа по нападот во Барселона, едно лице е убиено, а шест се ранети во напад со автомобил во одморалиштето Камбрилс, околу 120 километри јужно од главниот град на Каталонија.

Полицијата ги уапси сите пет напаѓачи.

Одговорноста за двата напади ја презеде Исламска држава, а полицијата подоцна откри мрежа од 12 џихадисти кои подготвувале други напади во Барселона.