Македонија Идеалите за слободна, демократска и заедничка Македонија продолжуваат, велат од СДСМ

Идеалите за слободна, демократска и заедничка Македонија продолжуваат, велат од СДСМ

Нашите предци од Илинденското востание и од заседанието на АСНОМ, кои ги поведоа граѓаните кон слобода, независнот и единство, ги поставија темелите на современата, независна и суверена Република Македонија, се вели во честитката на СДСМ по повод државниот празник.

Во неа се додава дека нивните идеали и жртви за слободна и независна Македонија остануваат трајно наследство во историјата, паметник во сегашноста и патоказ во иднината.

„Идеалите за слободна, демократска и заедничка Република Македонија продолжуваат и денес. Македонија ќе биде слободна, модерна, правна и заедничка држава, рамо до рамо со модерните демократски држави и полноправна членка на Европската Унија и на НАТО“, се додава во честитката.