Свет ИД зазеде неколку села во Сирија

ИД зазеде неколку села во Сирија

Исламска држава во ненадеен напад во провинцијата Апело на северот на Сирија зазела повеќе села, тврдат активистите на Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Според податоците на организацијата, најновото напредување на ИД е најзначајно во последните неколку месеци.
Нападот е извршен по големата офанзива на сириската војска во централните провинции, со поддршка на руските воздухопловни сили.

Во меѓувреме, иранската државна телевизија јави дека командант на иранската револуционерна гарда, Хосеин Хамедани, е убиен во предградие на Алепо, каде бил во „советодавна мисија“.

Иран е еден од главните сојузници на сирискиот претседател Башар ал Асад, а Техеран на неговата влада со години ѝ дава политичка и воена поддршка.

На северот на Алепо во експлозија на автомобил-бомба загина сирискиот новинар Салих Махмуд Лејла, кој работел за турската агенција „Анадолија“.