Свет ИД тврди дека Саипов бил нејзин борец

ИД тврди дека Саипов бил нејзин борец

Сајфуло Саипов, напаѓачот кој со камионет усмрти осум лица на велосипедска патека во Њујорк, бил борец на таканаречената Исламска држава, тврди милитантната организација.

ИД во неделното издание на пропагандниот весник „Ал-наба“ наведе дека напаѓачот бил еден од борците на калифатот, но не приложи докази за тврдењата.

Осум лица загинаа, а 15 се повредени откако Саипов со камионет влета меѓу минувачи. Нападот се случи на 31 октомври на Менхетн, неколку блокови од споменикот на жртвите на терористичкиот напад на Светскиот трговски центар.