Свет Свет ИД погуби осум лица

ИД погуби осум лица

Припадниците на екстремистичката сунитска група Исламска држава, во ирачката провинција Салахедин, убија осум лица, од кои четворица полицајци. ИД на интернет објави фотографии од погубувањето.

На фотографиите, седуммина од убиените се облечени во портокалова облека, слична на онаа што ја носеа и ликвидираните новинари и хуманитарните работници.

ИД контролира голем дел од територијата во Ирак и во Сирија, каде прогласи калифат.