Свет ИД нападна американска база во Ирак

ИД нападна американска база во Ирак

Исламска држава денеска нападна американска база во Западен Ирак, јавуваат ирачките медиуми. Нападот следува еден ден откако милитантната милиција ја стави под своја контрола опколената територија.

Базата Аин ал-Асад е дом на американските маринци, кои го обучуваат ирачките војници. Базата се нашла под артилериска и ракетен оган. Нема извештај за жртви.

Ирачките војници убиле осум потенцијални бомбаши-самоубијци, кои се обиделе да се инфилтрираат во базата. Засега нема официјален коментар за инцидентот. Споменатата база се наоѓа на пет километри од градот Ал-Багдади, кој се наоѓа во големата сунитска провинција Анбар, што ИД сака да ја стави под своја контрола.