Свет ИД ја презеде одговорноста за убиството на 32 Сиријци

ИД ја презеде одговорноста за убиството на 32 Сиријци

Џихадистичката организација Исламска држава ја презеде одговорноста за експлозијата на автомобил-бомба во близина на границата со Турција, при што загинаа 32 сириски борци.

Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон. Објави дека напаѓачот го активирал експлозивот во близина на автобус кој превезувал сириски борци во окупираниот град Алепо.

Најмалку двајца турски граничари исто така се убиени во нападот на граничниот премин Атмех.