Свет ИД дневно произведува по 50.000 барели нафта

ИД дневно произведува по 50.000 барели нафта

Исламска држава произведува меѓу 40.000 и 50.000 барели нафта дневно, изјави Илија Рогачев, шеф на одделот за нови предизвици и за закани при руското министерство за надворешни работи.

– Пред една година, експертите рекоа дека Исламска држава произведува околу 30.000 барели дневно, а сега таа бројка е меѓу 40.000 и 50.000 – рече Рогачев во интервју за „Комерсант“.

Тој додаде дека Советот за безбедност на ОН, во резолуцијата 2199, призна дека нелагалната трговија со нафта е главен извор на приход на ИД и ги обврза сите земји-членки одлучно да се спротистават на тоа.

Рогачев го постави прашањето за мотивите на воздушните напади на западната коалиција на нафтените рафинерии во регионот на Сирија и на Ирак, кои се под контрола на џихадистите.

– Повеќе од една година, коалицијата ги бомбардира тие подрачја, а нафтените рафинерии буквално се недопрени. Тие изведоа речиси 8.000 борбени летови, а во речиси една четвртина од случаите авионите се вратиле без да потрошат минуција, односно не нашле мети за напад. Во меѓувреме, терористите на ИД продолжуваат да извлекуваат нафта и продолжуваат да градат нови фабрики за преработка на нафта,а илјади цистерни се движат низ регионот – рече Рогачев.