Главна секција Иако Кинезите ги избришаа, „Гугл“ уште ги чува страниците со сумите за...

Иако Кинезите ги избришаа, „Гугл“ уште ги чува страниците со сумите за автопатите

Старите страници на кинеската компанија „Синохидро“, која ги гради автопатите Кичево – Охрид и Миладиновци – Свети Николе – Штип, сè уште можат да се видат во кеш-меморијата на пребарувачот „Гугл“, иако Кинезите пред извесно време ги тргнале оригиналните  страници  со сумите.

На страницата на „Синохидро“ пишуваше дека изградбата на автопатот Кичево – Охрид чинела 56 милиони евра, а на потпишувањето на договорот од Владата рекоа дека автопатот ќе се гради за 373 милиони евра. За автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип, на страницата на кинеската компанија пишува дека чини 30 милиони долари, а во Македонија се знае дека за изградба на тој автопат се платени 206 милиони евра.

Откако медиумите објавија дека на страницата на компанијата има различни суми за изградбата на автопатите од оние што нашата Влада ги презентираше, страниците повеќе не можат да се отворат.

Ова подолу се оргиналните страници со износите зачувани во кеш-меморијата на „Гугл“:

Оригиналната страница за автопатот Миладиновци – Св. Николе – Штип
Оригиналната страница за проектот на новиот автопат Кичево – Охрид

Дополнително, кинеското антикорупциско тело за контрола на дражавните компании, во мај 2014 година, соопшти дека Баодонг Хуанг, поранешниот потпретседател на групацијата „Пауер констракшн корпорејшн“, ја злоупотрбил својата позиција, односно дека повеќепати зел поткуп, објави „Нова ТВ“.

Баодонг Хуанг до лани бил потпретседател на бизнис-корпорацијата „Пауер констракшн корпорејшн“, мајка-компанија на фирмата „Синохидро“ – избрана од македонската Влада за изградба на двата автопати.

Инаку, овде може да најдете упатство како се наоѓаат стари верзии или избришани страници.