Свет Балкан И српските министри го замрзнаа учеството во владата на Косово поради законот...

И српските министри го замрзнаа учеството во владата на Косово поради законот за Трепча

Mинистрите на Српската листа одлучија да го замрзнат учеството во работата во владата на Косово, поради усвојување на законот за рудникот Трепча.

Заменикот на премиерот на Косово, Бранимир Стојановиќ, министерот за администрација и локална самоуправа Љубомир Мариќ и министерот за заедници Далибор Јевтиќ во заедничко соопштение изјавиле дека им е оневозможено правото како членови на Владата да учествуваат во расправата за теми, кои се од клучно знаење за положбата на српскиот народ на Косово.

Тие ги повикаа претставниците на меѓународната заедница да се ангажираат во решавање на ситуацијата.

Косовскиот парламент во саботата донесе закон за рудникот Трепча според кој 80 проценти од сопственоста над тоа претпријатие има владата во Приштина, што официјален Белград остро го критикуваше.

Претходно, пратениците на Српската листа го замрзнаа учеството во парламентот.