Главна секција И скопскиот градоначалник Петре Шилегов позитивен на корона вирусот

И скопскиот градоначалник Петре Шилегов позитивен на корона вирусот

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на својата Фејсбук-страница попладнево објави дека е позитивен на корона вирусот. Вели дека се надева оти вирусот не го пренел никому, а состојбата засега му е таква што не треба да биде в болница.

„Почитувани, би сакал да ве известам дека и покрај сите мерки кои што се превземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се себезаштитам од Ковид 19.

Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому.

Денешното тестирање покажа позитивен резултат. Клиничката слика е добра, со благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализорање.

Ова е доказ дека вирусот не смее да се потцени и дека мора секој од нас да внимава.
Чувајте се и чувајте ги другите околу вас“, порача скопскиот градоначалник.