Главна секција И полицијата и демонстрантите се подготвуваат за денешниот протест

И полицијата и демонстрантите се подготвуваат за денешниот протест

По вчерашниот протест пред Владата, во кој имаше повредено и демонстранти и полицајци, денеска двете страни засилено се подготвуваат за вториот протест, кој треба да почне во 18 часот.

На социјалната мрежа „Фејсбук“, демонстратите даваат насоки како граѓаните да се однесуваат при насилни протести, а полицијата се мобилизира.

Кордони и полициски возила можат да се видат на речиси секоја уличка во околината на Владата. Полициски оклопни возила попладнево се забележани во центарот во Скопје, во близина на Градски парк.

Репортерот на „Мета“, неколку часа пред почетокот на протестот „Стоп за полициската бруталност – Правда за Мартин Нешковски“, ја регистрираше полициската колона на улицата Ристо Шишков.

Се препорачува да не се носат деца и миленици на протестите, како и тоа граѓаните да не доаѓаат со велосипеди.